Огромна благодарност до пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба, советниците, администрацијата, вработените во Министерството за образование, што во рекорден рок успеаја да изготват проект со соодветна документација, одобрение за градба, потоа да организираат транспарента јавна набавка, избор на изведувач, да се потпише договор и денеска, пред крајот на годината да поставиме камен темелник на оваа спортска сала, проект вреден 34 милиони денари, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денес присуствуваше на камен темелникот.