Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40 отсто над нивото од претпандемичниот период. Biznisvesti
Како што нагласи гувернерката, и покрај бројните предизвици Народната банка преку своите мерки успеа да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото.
Говорејќи за нивото на девизните резерви, како главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, гувернерката посочи дека тоа е значително повисоко во однос на претпандемичниот период и нагласи дека тоа се должи на постојаниот откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар во изминатите две години, во услови на значително постабилен платен биланс особено трговската сметка, дознаките, како и солидните странски инвестиции. Nezavisen
Според неа девизните резерви се клучни за одржување на стабилноста на курсот на државната валута, а нивниот раст се должи на стабилен платен биланс и постојан откуп на девизи од Народната банка.
Во однос на инфлацијата, се очекува натамошно стабилизирање, но гувернерката предупреди на ризици од геополитичките ситуации и домашниот пазар на труд. Telma