Денеска во 10.15 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, соопштија од ЈП Македонијапат.
Претходно утрово оттаму информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, како и дека забрани за тешки товарни возила биле воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.