Кривична пријава за неколку полициски службеници за злоупотреба на службената положба и овластувања и измама во службата.
МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници А.А., на работно место во ПС од ОН Гази Баба, А.А. на работно место во ПО Арачиново, Б.Џ., на работно место во ПО Арачиново и В.С., на работно место во ПО Арачиново при СВР Скопје за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и за едно кривично дело „измама во службата“ против полицискиот службеник Б.М., на работно место во ПС од ОН Гази Баба при СВР Скопје.