Се надевам предметното лице ќе покаже дека е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди фразата дека е чист како солза и дека не сторил ништо на штета на државата и граѓаните.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како што рече, се купувале скапи имоти во земјата и во странство.
Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги ставил во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и Бирото за јавна безбедност.