Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.
На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено лице од Управата за финансиска полиција, Ивановски одговори потврдно. Kanal5