Измените на одлуката за системски значајни банки се прави и заради натамошно приближување кон Насоките од Европскиот банкарски орган (ЕБА) за идентификување на домашните системски значајни банки, велат од Народна банка.
Според Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во текот на третиот квартал, како што се наведува во соопштението, показателите за изложеноста на ризиците на банкарскиот сектор и натаму се стабилни, а стрес-тестовите укажуваат на добар капацитет за справување со шокови. Nezavisen