Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.
Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини. Kanal5
Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Netpress