Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа Драги сограѓани, драги сопатници во заедничкото македонско патување и патешествие, во нашето споделување на арното и лошото, денеска е тој ден, најден, со заслужени суперлативи – најдолг, најсреќен, најубав, ден кога нешто оставаме како спомен од минатото и со себе ја земаме надежта за поубава година, се наведува во честитката што денеска ја упати претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.