Во Струмица поради надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, и тоа надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, стапуваат во сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.
„Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Струмица“, Мерките што ги предлагаат од МЖСПП се да биде интензивиран вонредниот инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола, како и да има контрола на терен на инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати. 360stepeni
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица. Nezavisen
Согласно настанатата состојба, посочуваат од Министерството, за Струмица важат повеќе мерки меѓу кои да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола, да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати, како и инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци.
Се препорачува и да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата и забрана на горење на отворено. Netpress
Концентрациите на 31 декември 2024 година и 1 јануари 2025 година изнесуваат 187.47 микрограми на метар кубен и 151.02 микрограми на метар кубен, што го надминува дозволеното ниво од 150 микрограми на метар кубен за два последователни денови.
Во однос на оваа ситуација, се препорачуваат повеќе мерки, вклучувајќи интензивирање на инспекциски надзори на индустријата, контрола на возилата и градилиштата, како и забрана на горење на отворено. Telma