Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.
Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и за Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид. Plusinfo