Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Поранешниот директорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков снимен во Монако како излегува од луксузен автомобил „ферари“ и влегува во скап хотел, објави Скопје1.
Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.
Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда.
Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Kanal5
Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може да чини од $629,990 to $709,900.
Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува со женска личност во хотел. Faktor
Мијалков беше обвинет и осуден за повеќе дела што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), но главно му застареа.
Од сите дела, одлежа казна само за случајот „Империја“ во којшто во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот во вредност од, како што првично тврдеше тогашната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, 30 милиони евра. 360stepeni
Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува со женска личност во хотел, пишува порталот.
И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Libertas
(ФОТО направено од снимка објавена на скопје1.мк) Порталот Скопје1 објави видео за кое тврди дека е снимено во Монте Карло и на кое се гледа како поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков излегува од луксузно црвено ферари заедно со сопатничка.
Мијалков е на црната листа на САД поодамна, но неговото име дополнително беше спомнато и во последната објава на Стејт департментот со која на црната листа беа ставени Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Telma
Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра.
Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Libertas
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со доказите за да може да се види дали се виновни.
Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли информира дека на Артан Груби, кој е вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.
Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли за МИА информира дека на Артан Груби, кој бил вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.
Во јавноста се појави информација дека Тетовскиот универзитет каде што Артан Груби е професор на Правниот факултет, отсек новинарство има започнато законска постапка за негово разрешување.
Започната е законската процедура за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да добие отказ на Тетовскиот универзитет, откако пребега во непознат правец по отворањето на коруптивниот случај со „Државна лотарија“.
Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обидува да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност, прашува владејачката коалиција Вреди, по информацијата дека бегалецот Артан Груби ќе добие отказ од местото професор на Тетовскиот универзитет.
„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении.
ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијатана нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста.
ДУИ нонграта продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста.