АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола.
Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик за истиот предмет на набавка, за кој постапката за избор на изведувач е сè уште во тек. Netpress
Од компанијата нагласуваат дека изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки, а итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“.
За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Denesen
Така решило раководството на државната компанија Електрани на Северна Македонија, по спроведената постапка со преговарање без објавување на оглас, позната како процедура „во четири очи“.
Според денешната објава на Бирото за јавни набавки, станува збор за рамковна спогодба. Nezavisen