Тука е и: Кучето од Тетово што беше фрлено од седми спрат, кучето во Дебар Маало во Скопје кое беше заклано со секира сред бел ден, кучето што беше влечено со кола во Виница, а и она во Струмица, кучето што беше исфрлено болно покрај контејнер на минусни температури, кучето што беше врзано во напуштен објект да угине, илјадниците кучиња кои се отруени секојдневно, како и оние коишто се напуштени на улиците и полињата.