Тој повтори дека проблемот со пласманот на оваа реколта, е наследен од претходната Влада и нагласи дека покрај решавањето на проблемот од минатите години со пласманот, веќе работат визионерски домаќински како да се организира сеидбата која е за неколку месеци од сега и со надминување на сите досегашни проблеми што ги имаат оризопроизводителите, во делот на вода за наводнување, семенски материјал, препарати за заштита, сортите кои што ќе бидат поддржани, програмата која сега ја работиме за 2025 година со цел вакви ситуации да бидат минато и да не мора државата да интервенира дополнително со финансиски средства, со цел да има предвидливо земјоделско производство. A1on