„Финансиран преку ЕУ грант во вредност од над 35 милиони евра, покрај националното кофинансирање, oвој експресен пат ќе донесе опипливи придобивки и за граѓаните и за бизнисите, побрзо и побезбедно патување, како и подобра пристапност до останатите делови од овој витален коридор, што минува низ шест земји од Австрија доГрција, поврзувајќи ги сегашните и идни членки на ЕУ, поврзувајќи ја земјата со светот“, Секој километар од овој пат, рече тој, придонесува кон амбицијата на земјава да ја зајакне својата внатрешна и регионална поврзаност.