Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
21.87
20.50
1.68/0.94
9.00
3.66
0.41
840.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
10 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 94.8
Best clustering variants
10 0.99/0.01 2 94.8
Nezavisen

Измените во Законот за јавни набавки стигнаа на второ читање, а целта е едноставна – нетранспарентно, без одговорност и контролни механизми, функционерите на алчната власт да можат да ги трошат народните пари легално преку тендерски постапки на фирми блиски до власта – се вели во соопштението на „Левица“ испратено до медиумите.

Од партијата посочуваат дека последици од ова тоталитарно законско решение се: – Укинување механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки; – Елиминирањето на административните контроли и контролите на тендерските документации; – Се истиснува и улогата на министерот за финансии, односно истиот нема да има обврска подетално да го пропишува начинот на избор на постапки кои ќе будат предмет на административна проверка; – Разрешување на сите членови на Државната комисија за жалби; – Укинување на механизмот за управна контрола кој е во надлежност на Бирото за јавни набавки; – Целосно намалување на транспарентноста на тендерските постапки и овозможување договори во четири очи. Nezavisen