Власта целосно го напушти системот за зголемување на платите воспоставен од СДСМ што резултира со влошување на животниот стандард на работниците, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Мицкоски и ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните.
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор, велат од СДСМ.
СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, за потпишување на колективните договори и за решавање на проблемите, рече на денешната прес-конференција пратеничката и бивша министерка на СДСМ, Јована Тренчевска.