Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани.
Опозициската Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку писмена реакција излезе со обвинувања и наводи дека директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновски води дискриминаторска политика со цел, како што велат, потчинување и исклучување на Албанците од институцијата со која раководи.