Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со амбасадорот на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г. Камил Касијев.
На средбата беше разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји, со акцент на енергетиката како клучна област од заеднички интерес.
Средбата се надоврзува на неодамнешните активности за зајакнување на билатералната соработка.
Во ноември минатата година, на Самитот за климатски промени КОП29 во Баку, министерката Божиновска и претседателката Гордана Сиљановска Давкова остварија средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој ја изрази подготвеноста на неговата земја за соработка на инфраструктурни проекти, особено во делот на гасификацијата на Македонија. Netpress
На средбата се разговараше за тековните активности на Македонија за зголемување на енергетската независност.
Министерката Божиновска истакна дека земјата активно работи на создавање нови услови за снабдување со природен гас по конкурентни цени и е подготвена да ги истражи можностите за продлабочување на енергетската соработка со Азербејџан, кој се смета за значаен партнер во регионот. Fokus
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со амбасадорот на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г. Камил Касијев. Netpress
Во текот на разговорите, беше изразена подготвеност за олеснување на директни контакти и средби на највисоко ниво, со цел реализација на проекти од заемен интерес.
Дополнително, беше нагласено дека оваа година во Азербејџан ќе се одржат неколку значајни средби и форуми од областа на енергетиката, при што овие настани ќе претставуваат можност за зацврстување на соработката. Netpress
Бугарија добива гас од Азербејџан преку интерконекторот со Грција, што значително ја менува енергетската карта на Европа.
Србија, исто така, потпиша договори за снабдување со азербејџански гас, со планови за испорака на 400 милиони кубни метри гас годишно до 2026 година. Netpress
Амбасадорот на Азербејџан ја потенцираше подготвеноста на неговата земја за продлабочување на соработката со Македонија, нагласувајќи дека државниот врв, вклучувајќи го министерот за енергетика и претседателот на Азербејџан, активно поддржуваат иницијативи во енергетскиот сектор.
Во текот на разговорите, беше изразена подготвеност за олеснување на директни контакти и средби на највисоко ниво, со цел реализација на проекти од заемен интерес. Netpress
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот амбасадор на Република Азербејџан за нашата држава, Камил Касијев, на која разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.
Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година.
Новиот собраниски состав да ја забрза работата и да ги донесе уставните измени за државата да оди напред по европскиот пат, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на денешната прва конститутивна седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Сите политички партии треба постојано да придонесуваат за јакнење на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен политички дијалог во насока на забрзување на реформите за членство во Европската Унија, повика амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас денеска во Парламентот, на заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година.
Хрватските власти открија остатоци од забранетиот пестицид имидаклоприд во пратка зелка увезена од Македонија.
Во зелка од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми.
Во зелки увезени од Македонија се откриени остатоци од пестицидот Имида – Клоприд, што е забранет во Европската Унија (ЕУ). Супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, пишуваат хрватските медиуми.