Палевски, пред крајот на минатото рочиште на 20 декември лани, побара изземање на судијата Стефановски бидејќи, како што кажа, одбивал да даде наредба до СВР Велес за прибирање докази кои ѝ се потребни на одбраната на првообвинетиот за постапката Одбиено е барањето на Љупчо Палевски-Палчо за изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, кој го води судскиот процес за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Ова на почетокот на денешното продолжение на судењето го соопшти судијата Стефановски читајќи го решението на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев. Libertas