„Македонско село од 2019-та година до сега не функционира и по основ на тоа што не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот ние како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари”, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада, Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени”. Fokus