Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата „Праеториан“.
На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, објави на прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
Директорот на СОРЗ и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски во гостувањето во емисијата „360 Степени“ на телевизија МРТ1 зборуваше за унифицирање на службените возила во кој истите ќе добијат соодветни таблици со кои ќе се разликуваат од останатите, а сето тоа како мерка за ограничување на нивната злоупотреба за приватни цели.
Фирмата „Праеториан“ од Скопје заедно со „Фил-руж“ од Свети Николе ќе врши „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во следните три години за сума од 187 милиони денари или околу три милиони евра.