Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата „Праеториан“, откако СДСМ обвини дека тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во текот на самата тендерска постапка.
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски смета дека е потребно да се набави нов државен авион, па и половен, за службени патувања на владините функционери во странство, оти постојниот е стар дваесетина години, има шест седишта и не ги задоволува потребите.
Фирмата „Праеториан“ од Скопје заедно со „Фил-руж“ од Свети Николе ќе врши „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во следните три години за сума од 187 милиони денари или околу три милиони евра.
Процедурата за имплементација на црвено-жолти регистарски таблички на службените возила очекувам дека целосно ќе биде завршена за два до три месеци – одговори директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на прашањето зошто се оддолжува воведувањето на регистарски таблички во специфична боја како мерка за ограничување на злоупотреба на службените возила.