Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон се сретна со Александар Касаноф, помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, имаше вечера и средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина - бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на Рамбл групацијата.
Во приватната ложа, Премиерот Христијан Мицкоски во друштво на претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватлија ја следеше инаугирацијата на Трамп.