Приведени се четири лица, пронајдени и одземени се автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења, во извршени претреси на дом и други простории, на пет локации во Скопје и Гостивар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на РСМ.
Како резултат на континуираните активности за превенирање и сузбивање на заканите од тероризам, на 23.01.2025 во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, беа извршени претреси на дом и други простории на пет локации во Скопје и Гостивар.