Се проширува опфатот на унгарскиот кредит во делот од 250 милиони евра наменет за компаниите, со тоа што освен за зголемување на производството, градење деловен простор, сега парите ќе може да се користат и за изградба на трговски центри и за проекти за обновливи извори на енергија.
Во неговата изјава во Њу Џерси, САД, премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање.
Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, велат од СДСМ.
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ние ќе ги вратиме, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.