Во писмото го потсетуваат Касами дека треба да биде градоначалник на сите граѓани кои живеат во општината и дека согласно законските одредби, Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект, која ја носи Советот, мора да има и мнозинство гласови од советниците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината, а листата на имиња мора да има и согласност од Владата.
Тоа значи дека ниту Советот смее, ниту Владата може да се согласи на листа со предложени имиња на личности кои се дел од фашистичката коалиција од Втората светска војна, на припадниците на фашистичките балистички формации, ниту имиња кои учествувале во војни и тероризам против безбедносните сили на Република Македонија или загрозиле јавна безбедност на наши или странски граѓани – велат од ОО Сојуз на борци Тетово Во писмото кое се упатува и до централната власт и амбасади, се вели дека определувањето на имињата на улиците не е инструмент со кој може политички да се профитира, туку е отворање на пандорината кутија од која може да излезат големи непријатности за сите. Telma
Во писмото се потсетува дека промената на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, не смее да се прави шест месеци пред одржувањето на редовни избори, како и делото од Законот каде се вели дека на листата на имиња, не смее да се најде име со кое се нарушува угледот на Република Македонија, се навредуваат чувства на граѓаните на Републиката и на граѓаните на други држави, како и се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал.
Отвореното писмо е испратено до Владата, министерствата, амбасадите на ЕУ и САД. A1on
Сојузот на борци од Тетово побара од локалниот Совет и од Владата да не ја прифатат Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект предложена од градоначалникот Биљал Касами. 360stepeni
Воедно и од членовите на Советот се бара и апелира да нема именување на улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми кои слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група.
Ова писмо е јавен израз на најостра реакција, предупредување и споделување на длабока загриженост на државотворниот Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово, а поради повторните вознемирувачки најави на градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами за промена на имињата на улиците во градот и определување на имиња на претходно неименувани улици на територијата на општината, се вели во писмото на тетовскиот Сојуз на борци. Kanal5
По најавата за именување и промена на имиња на улици во Тетово, Сојузот на борци испрати отворено писмо до градоначалникот, Биљал Касами, во кое му порачува да нема преименување на улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ, но и да не се предлагаат имиња со кои се нарушува угледот на земјата и се навредуваат чувства на граѓаните. Telma