Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржа свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“. Plusinfo