Американското катче е можност, пред сè, младите луѓе да бидат во контакт со американската култура, но и американските вредности, да го изучуваат англискиот јазик, да го знаат значењето на волонтерството, медиумската писменост, па и безбедноста, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќањет на 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје. 360stepeni
Настанот го отвори американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, посочувајќи ја важната улога на американското катче во развојот на граѓанското општество и промовирањето на демократските вредности во државата.
Во своето обраќање, претседателката Сиљановска-Давкова рече дека американското катче е еден од симболите или центри на македонско-американското пријателство и партнерство, значаен показател за заемно разбирање и почитување, соработка која во фокусот ги има младите лидери во сите области како идни двигатели на општествените односи и промени. Nezavisen
Тие што доаѓаат тука имаат што да слушнат, но секако дека имаат и што да кажат.
Таа интеракција е движечка сила и од неа ќе произлезат нови идеи коишто, уверена сум, ќе се вградат во темелите на Американското катче, рече претседателката. Denesen
Нашата земја, додаде таа, ја препознава таа важност и затоа уште од почеток активно се вклучи во поддршката на овој значаен проект.
Не е случајно што успешно опстојува веќе 20 години и има простор и натаму да живее и да се развива. Denesen