Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.
Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за раст на земјите од Западен Балкан на ЕК бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од Западен Балкан до европските платежни системи, а со тоа и поефикасни, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите. A1on
Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската Комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше предводен од Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот.
Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари, гувернерите на централните банки од регионот, претставници на релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот. Biznisvesti