СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г. Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Mk