ДУИ го нарекоа Додик „продолжена рака на Владимир Путин, кој работи за поделба на Босна и Херцеговина и човекот кој го величи масакрот во Сребреница“.
Премиерот Христијан Мицкоски не очекувал дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик ќе ја злоупотреби свечената Светосавска академија, која се одржа во Скопје по повод празникот на српската заедница во државава – Свети Сава, за да испрати анти-ЕУ и анти-НАТО пораки.