Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи реагираше на тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека му се правеле политички хајки, како и дека му ги сокриле извештаите за сработеното во здравството за скандалот на Клиниката на онкологија.
Ако некогаш беше позната флоскулата „Слушај го Венко“, сега е актуелна „Слушај Венко, да ти објаснам“, рече денеска пратеничката Рашела Мизрахи, одговарајќи му на ексминистерот за здравство Венко Филипче во врска со случајот „Онкологија“.