Во чест на починатата Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје завчера, од страна на 20-годишник кој пијан, без возачка дозвола возел со брзина од над 120 километри на час, и поминал на црвено, денес во нејзиниот роден град ќе се одржи мирен собир на граѓани. Fokus
Со запалени свеќи на плоштад, неготинци ќе се простат од девојката чиј живот и соништа беа прекинати во чекор.
Не само во Скопје, во цела Македонија е очигледна анархијата на асфалтот. Libertas
Граѓаните, револтирани од трагедијата и судската пракса, преку социјалните мрежи повикаа на собирање пред пекарницата „Силбо“, барајќи правда и построги санкции за несовесните возачи.
Исто така граѓаните на Неготино денеска ќе одржат мирен собир во чест на 22-годишната Фросина Ќулакова, која завчера трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Plusinfo
Граѓаните со гнев и болка излегоа на улиците на Скопје, блокирајќи го булеварот „Партизански одреди“ во близина на „Силбо“ во знак на протест против трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Faktor
Нејзините бројни пријатели се покосени од загубата.
Си спомнуваат колку му се радувала на животот и на плановите за иднината. Fokus