Во Скопје денеска на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала започна протест под мотото „Кој е следен?”. Протестот е реакција на случајот со Фросина Кулакова и инцидентите со неконтролирано возење и неказнување, кои резултираат со трагични последици. Press24
„Безбедноста е право, не луксуз“, „Ако корумпиран систем живее, народот умира“, „Денес правда за Фросина, утре за сите нас“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Her future stolen, his privilege exposed“, „Партизанска не е Формула1“, „Улиците не се тркачки патеки“ се дел од транспарентите, кои ги носат учесниците на протестот.
На протестот се присутноти и членови на семејството на Фросина Кулакова. Press24