Неколку улици во Скопје утре ќе бидат под посебен режим поради чествувањето на 4 февруари, ден на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул. Самоилова на потегот од ул.Иљо Војвода (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул. Прохор Пчински“. Plusinfo