Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското одделение во Шутка, но истрагата нема да заврши тука, уверува директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во интервју за вечерашната „Топ тема“. Netpress
Пандов во телевизиско гостување, објаснувајќи како мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов, кој е во притвор откако вечерта на 29 јануари со автомобил удри во 22-годишната девојка Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, рече дека најголемите шверцери на телефони, на дрога, на недозволиви предмети, се вработени од затворот.
Тогаш, посочи и дека е суспендиран затворскиот полицаец што го пренел мобилниот телефон од една во друга ќелија за тој да стигне до Васил Јованов. 360stepeni