Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа сите списи за претходните дела на Васил Јованов кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на Партизанска, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки.
Започнавме со разгледување на случаите, а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет и по извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став дали имало пропуст или немало. Plusinfo
Судскиот совет денеска треба да формира комисија која ќе ги разгледа сите списи во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Јованов. Denesen
По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста. Libertas
Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски. Kanal5