Антикорупциската комисија денеска ооформила предмет за министерот за информатичко општество Стефан Андоновски откако неговиот татко Љупчо Андоновски стана советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат Игор Андоновски на крајот на ланската година е назначен за началник на најголемиот скопски сектор во тајната служба- Агенција за национална безбедност (АНБ). По упатено прашање до претседателката на ДКСК, Татјана Димитроовска, генералниот секретар на Антикорупциска Адем Чучуљ телефонски ни одговори дека предметот е отворен по допрен глас и ќе се испитува концентрацијата на функции во семејството Андоновски. Telma