Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието, затоа што на начинот на кој што се избрани истите тие претставници кои ги бираат имаат право да разговараат и да зборуваат за нивната работа. по изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет, рече тој.
Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото. Press24
Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста.
Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Press24
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието. Press24