Според него теренот е доста предизвикувачки и е вели, најтешкиот дел, кој што ќе биде инженерски најтешко да се совлада.
Во однос на железничкото поврзување од Коридорот 8, тој кажа дека на пругата кон Бугарија се заврши првата делница од 31 км од Куманово до Бељаковце, активно се работи на втората делница од 34 км од Бељаковце до влез на Крива Паланка и оти се надева дека за брзо време ќе почнат да ја работат и третата делница откако ќе биде постигнат договор со Бугарската Влада околу тунелот кој заеднички ќе се гради. Sitel
Очекуваме слично да се формира и од нивна страна, да поразговараме, да се договориме и да добиеме јасна заложба од бугарска страна дека навистина и тие се подоготвени да трошат пари.
Затоа што не е поентата ние да имаме железничка линија од Скопје до Крива Паланка, таа и вака и така ќе ја имаме. Sitel
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај автопатските врски од Охрид до Кичево и од Тетово – Гостивар до Букојчани што се во фаза на градба, ќе се гради и патот од Букојчани до Кичево со што ќе се оствари целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга и кој претставува прв целосно нов автопат што го започнува оваа Влада. Novamakedonija