На 07.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи – управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело.
Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.