Министерството за социјална политика демографија и млади (МТСП) ги информира жителите на Општина Врапчиште дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на Општината во делот на именување на в.д. директор на установата и поставување на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на општината), иако во јуни 2021 година го дала на користење на предучилишната установа на неопределено време.
Општина Врапчиште ѝ го одзела возилото на градинката во Добри Дол, па сега отежнато се доставува храната за 40 деца во овој објект, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.