Министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на дел од Алијанса за Албанците ги оцени како добри резултатите што ги освои Движењето Самоопределување, на актуелниот премиер Албин Курти на парламентарните избори во Косово и изрази очекување дека тој ќе ја предводи идната влада самостојно или во коалиција со некоја од партиите кои влегуваат во Парламентот.
Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.
Во амбасадата на Косово во Скопје вчера 17 граѓани гласале за парламентарните избори.
Веб страницата на Централната изборна комисија на Косово веќе 40 минути е во прекин.