Со Меморандум официјализирана долгогодишната соработка меѓу РКЕ на Македонија и Грција Постулати врз основа на кои ќе се унапреди функционирањето на националните и регионалните енергетски пазари, како и услугите за управување со вода и отпад, меѓу другото се дефинираат во Меморандумот за соработка што претпладнево во Атина го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕИ), а двајцата претседатели изразија задоволство што е крунисана и официјализирана долгогодишната соработка, јави дописничката на МИА од Атина.
Меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, денеска во Атина ќе потпишат Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕИ), јави дописничката на МИА од Атина.