Денеска се сретнавме, пред да дојдам овдека во Кавадарци, бев во Собрание имаше пратенички прашања, нели според новиот деловник, опозицијата прашува ние одговараме, се сретнав со министерот, предлогот го имам веќе во работна верзија.
Во текот на денот ќе се усогласува и очекувам на итна седница во текот на утрешниот ден истиот да биде донесен и да биде спроведен од страна на супермаркетите или хипермаркетите. Libertas
Во текот на денот ќе се усогласува и очекувам на итна седница во текот на утрешниот ден истиот да биде донесен и да биде спроведен од страна на супермаркетите или хипермаркетите.
Маржата малопродажна и големопродажна се ограничува едната на 10 и другата на 10 проценти и очекувам тука да има, се разбира драматично намалување на цените на оние производи коишто вистински ги користат граѓаните. Skopjeinfo
Ако во еден ланец маркети еден производ чини х парички, а во друг чини х половина парички, како консумент ќе се подзамислам од каде да го купам тој производ и тоа ќе создаде конкуренција на едните со другите – додаде премиерот.
На вчерашната владина седница, посочи дека бил донесен заклучок Министерот за економија и труд да свика работна средба и координација со сите институции како Комисијата за заштита на конкурентноста и Државниот пазарен инспекторат и да излезе повторно на терен да ја прошират акцијата и на други трговски хипермаркети во делот на белата техника. Plusinfo
Донесовме заклучок иако наидува на потсмев кај опозициските глансоговорници, но и опозициските партии, сите супермаркети и хипермаркети на своите веб страници на дневна основа да ги ажурираат цените.
Ако сега влезете не можете да прочитате кои се цените на производите. Plusinfo