Општина Центар започнува нова акција за собирање кабаст отпад, со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во локалната самоуправа.
Во периодот од 15 до 20 февруари, март и април, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации: Во населба Пролет, кај Феријален дом, во Капиштец, на улица „Загребска“, во близина на КТК во Буњаковец, на улица ,,Костурски херои“, во близина на Вучко.