Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски утре на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе има средба со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев.
9 Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски во пресрет на утрешната средба со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, што ќе се случи на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, изјави дека за надминување на предизвикот со Бугарија е потребен дијалог во позитивен дух за прашања кои не обединуваат.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија на Минхенската безбедносна конференција.