Беше констатирано дека е потребно трајно решение и отворен пристап на сите чинители кон проблемот со вандализмот, како и потреба од усвојување на ефективни механизми за справување со оваа појава.
Министерството за локална самоуправа, во рамки на актуелниот процес за изменување на Законот за локална самоуправа, оваа проблематика ја разгледува како една од клучните теми и истата е во фокусот од самиот почеток на процесот, а е една и од четирите основни темели на кои се базираат законските измени кои се подготвуваат. Nezavisen
На средбата беше истакнато дека Министерството за локална самоуправа и натаму е отворено за сите иницијативи, идеи, предлози и сугестии кои би биле во интерес на поефикасно локално управување, од која корист ќе имаат не само општините, туку во најголема мера граѓаните.
Перински истакна дека Владата е посветена кон решение и продолжува да работи на системски решенија, базирани на точно определени, утврдени и идентификувани аномалии и потреби, прилагодени на потребите и барањата на сите чинители во локалната самоуправа, но и пошироко. Fokus